Моќен старт на Њукасл во новата сезона, пукна петарда против Астон Вила (Видео)

Фудбалерите на Њукасл славеа со убедливи 5:1 против Астон Вила во саботното дерби на стартот од Премиер лигата.

Чавките кои минатата сезона беа најпријатно изненадување во Премиер лигата, сезонава уште на стартот покажаа дека се подготвени да одат чекор подалеку и сериозно да се замешаат во трката за шампионската титула.

Натпреварот започна фантастично, најскапото засилување во историјата на Њукасл, Сандро Тонали, во шестата минута го отвори резултатот.

Само пет минути подоцна, Астон Вила дојде до израмнување благодарение на голот на Муса Диаби. Голот на Диаби може да го погледнете на овој ЛИНК.

Во првиот дел беше постигнат уште еден гол, Александер Исак во 16-та минута му донесе ново водство на Њукасл. Голот на Исак може да го погледнете ТУКА.

Во второто полувреме, Чавките постигнаа уште три гола преку Исак, Калум Вилсон и Харви Барнс за убедлив триумф.

- Оглас -

Најнови вести