Екипата на Оклахома Сити тандер убедливо го доби приот натпревар од западното финале на плејофот во НБА-лигата против Минесота тимбервулфс и поведе со 1-0 во серијата.
Гостите беа добри во првото полувреме, кое го добија со 48-44, но потоа Громовите згрмеа, заиграа многу подобра одбрана, вториот дел го добија со 30 поени разлика, па на крајот победата на домашните беше 114-88.
Шај Гилџиус-Александер беше лидер на Оклахома со 31 поен, 9 асистенции, пет скока и три украдени топки, а најистакнат поединец кај Шумските волци беше Џулиус Рендл со 28 поени и осум скока.
Вториот меч се игра ноќта помеѓу четврток и петок, повторно во Оклахома сити.