Моќен старт на Србија, во салата во која поранешна Југославија стана светски шампион пред 45 години ја декласираа Кина

Кошаркарската репрезентација на Србија со убедлива победа над Кина која ја предводи поранешниот селектор на нашиот северен сосед, Александар Ѓорѓевиќ, го започнаа настапот на СП.

Србија со убедливи 105:63 ја совлада Кина во арената „Аранета“ во Манила, во истата сала во која поранешната СФР Југославија во 1978 година стана светски шампион.
Србија уште во првата четвртина дојде до двоцифрена предност (25:14) по што до крајот на мечот само ја зголемуваше предноста.

Србите само третата четвртина не ја добија со двоцифрена предност (22:13) и на крајот дојдоа до плус 42. Дури петмина кошаркари на Србија постигнаа двоцифрен број на поени, најпрецизен беа капитенот Богдан Богданови и Вања Маринкович со по 14 постигнати поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести