Ракометарите на македонската репрезентација донесоа нова спортска радост со победата над Чешка и пласманот на Светското првенство во 2023 година. По завршувањето на мечот, во соблекуваната на Македонија беше испратена добро познатата порака: „За кого? За Македонија“, во еден глас викаа ракометарите. Дефинитивно тие се едни од најголемите амбасадори на Македонија.