Моќна порака од светскиот првак Славески до сите Македонци

Македонскиот боксерски херој Горјан Гого Славески од денеска го има приматот на светски шампион во бокс без ракавици во велтер категорија, откако во Мајами го совлада Американецот Џејк Линдзи.

Гого познат како „Храбро Срце“ стигна до шестата победа во исто толку мечеви, но овојпат овој триумф значеше и освојување на светската титула. Со македонското знаме во рацете, Славески го доби појасот за светски првак, а потоа на социјалните мрежи имаше порака за сите Македонци, кои треба повеќе да се ценат и никогаш веќе да се нарекуваат во демунитив. Дека Македонецот е голем и силен најдобро покажа Гого со победата и освоената светска титула.

ЗА МОЈОТ НАРОД НИКОГАШ ДА НЕ ГО ЗБОРИШ ВО ДЕМИНУТИВ!!
СВЕТСКИ УСПЕХ!!!
We did it baby !!!! 🇲🇰🦍🩸
World Champion!!!
#braveheart

Дел од борбата во која Македонецот стана светски првак може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести