Барселона со 5:1 го победи Алавес на „Камп Ноу“ во мечот полн со убави погодоци. Каталонскиот гигант во текот на целиот меч ја контролираше играта, а на крајот пет пати ја тресеше мрежата на гостите. Лионел Меси и Тринкао дадоа по два гола, двајцата погодија по еднаш во двете полувремиња, а на крајот мрежата на Алавес ја затресе и Фирпо. Гостите успеаа само да постигнат почесен погодок во вториот дел.
Од сите погодоци, посебно атрактивни беа двата гола на Меси, постигнати надвор од шеснаесетникот. Прво погоди на крајот од првото полувреме за 2:0, кога гаѓаше веднаш до стативата, а ништо полош не беше и погодокот на Меси за 4:1 кога капитенот на Барселона погоди од 20-тина метри. Тој гол може да го видите ТУКА.
Овој меч за Барселона беше какко вистинска предигра за дуелот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен кој се игра на 16 февруари на „Камп Ноу“. Каталонскиот гигант верува дека и против Светците ќе биде во иста голгетерска форма и дека ќе стигне до позитивен резултат пред реваншот кој треба да се игра на 10 март.

