Моќната одбрана на Барселона од шпанското првенство, ја нема никаде на европските мечеви!

Барселона сезонава има две различни лица, едно кога игра првенствени натпревари и друго во европските купови.

Каталонците во Ла Лига имаат примено само 7 гола на 21 меч, дури 16 пати ја зачуваа мрежата без да примат гол, а Реал Мадрид е единствениот што им даде повеќе од еден гол.

Во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, на седум меча примија 14 гола и ниту еднаш не останаа без примен гол, дури и против Викторија П’лзењ примаа голови.

Овие бројки покажуваат дека Барса многу подобро се снаоѓа и делува дека има цврста одбрана само кога против себе има ривали од Шпанија.

Друг проблем во Европа им е играњето на нивниот стадион „Камп ноу“. На последните 12 меча на свој терен во европските купови, Барселона има само две победи (против Динамо Киев и Викторија П’лзењ) и гол-разлика 15-23. Во Лигата на Европа немаат ниту една домашна победа на четири меча.

- Оглас -

Најнови вести