Моќниот Торонто е на чекор од историска титула во НБА лигата (Видео)

Само уште едн победа го дели Торонто од историска прва титула во НБА лигата. Рептилите имаат предност од 3:1 против актуелниот првак, Голден Стејт, откако рано утрово, по втор пат славеа на гости. Овојпат, Торонто беше подобар со 105:92 и сега има три шампионски шанси, за да испише историја.

Каваи Ленард со 36 поени беше предводник на гостите. Ленард посебно блесна во третата четвртина кога реализираше 17 поени. Токму во таа трета четвртина, Торонто направи пресврт и ја доби со 37:21, па негативата во резултатот, ја претвори во водство. Одличен кај победничкиот тим беше и Серџи Ибака со 20 поени, а Паска Саикам даде 19 поени.

Кај Голден Стејт, во тимот се врати Клеј Томпсон и беше најпрецизен со 28 поени, додека Стеф Кари даде 27 поени, но имаше лош шут од поле, погодувајќи 9 од 22 обиди. Нa Грин му недостасуваше еден скок за нов трипл-дабл (имаше 10 поени и 12 асистенции). Воините на крајот дадоа 92 поени, најмалку во доигрувањето сезонава.

Во историјата на НБА се случило 34 пати, еден тим да има водство од 3:1 во победи. Во 33 пати од тие случаи, екипата која води со 3:1, на крајот станувала шампион. Првата шампионска шанса, Торонто ќе ја има на свој терен во петиот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести