„Моќните“ селекции со голови ќе фаќаат залет за ЕВРО 2024

6715  Белгија – Црна Гора (20.30 часот)

Белгијците стартуваат со пријателски натпревари за Европското првенство. Тоа е страшно потентна офанзивна селекција, па иако можеби и сѐ уште ја темпираат формата за почетокот на ЕВРО 2024, ќе сакаат да се докажат и да се изборат за позиција меѓу стартните 11. Им гостува Црна Гора, која има и неколку помлади фудбалери во селекцијата, па Лукаку, Доку, Де Бројне и останатите сигурно од стартот ќе нападнат со сите сили.

Предлог тип: 1-1 & 3+  (2.25)

 

6719  Франција – Луксембург (20.30 часот)

Франција е еден од најголемите фаворити за титулата на ЕВРО 2024. Килијан Мбапе ги реши дилемите околу трансферот во Реал и како што рече самиот, сега е насмеан. Тоа е мотив повеќе да одигра одличен меч вечерва во Мец и заедно со соиграчите да ја наполнат мрежата на Луксембург.

Гостите исто така не се веќе селекција што се брани во текот на целиот натпревар, па можеби и можат да постигнат еден гол на овој меч.

Предлог тип: 5+ (2.25)

 

6769  Словачка – Сан Марино (18.00 часот)

Јасно е и тука кој е фаворитот. Словачка се подготвува за Европското првенство, а Сан Марино е една од најслабите селекции на континентот.

Натпреварот се игра во Австрија, на стадионот на Виенер Нојштат, но тоа нема да ги спречи Словаците да се обидат да постигнат неколку гола и да земат добар залет за ЕВРО 2024.

Словачка во квалификациите знаеше да му даде четири гола и на Исланд, па секако дека Сан Марино нема да си помине лесно.

Предлог тип: 4+ (1.76) 

 

6713  Данска – Шведска (19.00 часот)

Интересен дуел ќе има на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Данците се подготвуваат за ЕВРО 2024, а секако мечевите со Шведска за нив секогаш се посебни. Сигурно избраниците на Каспер Хјулманд нема да сакаат да го загубат овој меч, а последниот меѓусебен дуел пред четири години заврши со резултат 2-0. Можеби слично ќе биде и овојпат во Копенхаген.

Предлог тип: 1х & 2-3 (2.50)

 

6728  Шпанија – Андора (21.30 часот)

Шпанија против соседите ќе се загрева за Европското првенство. Кој ќе победи воопшто не е прашање, но интересен е погледот дека Шпанците во текот на мечот ќе постигнат најмалку четири, а најмногу шест гола.

Последниот меѓусебен натпревар двете селекции го одиграле пред 20 години, а Шпанија победи со 4-0.

Предлог тип: Т1 4-6 гола (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести