Јусеф Ен-Несири е големиот јунак на Мароко и стрелецот на голот против Португалија што е историски и донесе прво полуфинале за Лавовите од Атлас, но и за африканска репрезентација на Мундијалите.
Напаѓачот на Мароко и на Севилја летна моќно и ја затресе мрежата на Португалците, а според измерениот скок, Ен-Несири бил над земја за 2.78 метри.
https://twitter.com/samra_seyoum/status/1601609087858651138?s=20&t=vKFl5Fhk4LgW7IS3xv8vlQ
Тоа е за 22 сантиметри повисоко од легендарниот лет на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус, кога и даде гол на Сампдорија, а тогаш беше измерен одраз од земја точно 2.56 метри.
En-Nesyri on that goal jumping as high as the dreams and aspirations of hundreds of millions of Africans and Arabs. pic.twitter.com/3v6hegK7tU
— Juan Arango (@JuanG_Arango) December 10, 2022
Сепак Роналдо, кој вчера беше на поразената страна и е елиминиран со Португалците, го има рекордниот скок од 2.93 метри како играч на Реал Мадрид со погодок против неговиот сегашен тим Манчестер јунајтед.