Кристијано Роналдо е исфрлен од првиот тим на Манчестер јунајтед и нема да игра во утрешното дерби против Челзи. Оваа одлука на тренерот Ерик тен Хаг е како реакција на тоа што го направи Роналдо на дуелот против Тотенхем. Португалскиот ас одби да влезе во игра во 90-тата минута и наместо да истрча на теренот, си замина во соблекувалната.
По неколку дена молк во клубот, менаџерот на Црвените ѓаволи се јави со своја изјава.
„Да точно е дека Кристијано Роналдо одби да влезе во игра против Тотенхем. За потегот што го направи Роналдо мора да има последици. Казнувањето во еден ваков случај е многу важно за менталитетот на екипата и пристапот кој треба да го имаат сите играчи“, рече Тен Хаг.
Од 10 првенствени дуели, Роналдо сезонава беше стартер само трипати, а на последните два дерби-дуели против Манчестер сити и Тотенхем воопшто не играше. Сигурен стартер Роналдо е само на мечевите од Лигата на Европа, натпреварување кое е второ по ранг во натпреварувањата на УЕФА.