Молде – Партизан (Квалификации, Лига на Европа, 19 часот)
Молде одигра подобро во првото полувреме во Белград, водеше со 1:0, но Црно-белите навреме се разбудија и со пресврт победија со 2:1.
Сега ќе имаат тешка задача да ја одбранат предноста од првиот меч бидејќи му гостуваат на тим што игра одлично на домашен терен.
Молде на својот стадион „Акер“ нема пораз на последните 11 натпревари, забележа 9 победи и двапати ремизираше со гол-разлика 31:5. Во овие квалификации, само Чукарички остана непоразен на гостувањето во Норвешка, па Партизан веројатно ќе се обиде да го препише рецептот на клубот од Белград.
Црно-белите одиграа лош реванш-меч против Јени Малатијаспор во претходната рунда и беа на работ на елиминација, иако во Турција допатуваа со 3:1. Велат дека извлекле поука и дека нема да се бранат во Норвешка, а имаат доста брзи и незгодни напаѓачи. Израелецот Натко на дебито одигра 20-тина минути против Молде и покажа дека ќе биде големо засилување за Партизан.
Предлог тип: Х2&2+ (2.40) Квота на денот на Sport Life
Зорја – Еспањол (Квалификации, Лига на Европа, 19 часот)
Еспањол е опасен гостин и нема пораз кога игра против домашните екипи од март, што е долг период. Последна ги порази Барселона и оттогаш трае одличната серија на избраниците на Давид Галјего.
Зорја успеа да поведе на првиот меч, но потоа можеше да доживее катастрофа. Еспањол со пресврт победи со 3:1, а притоа Гранеро утна и пенал.
Квалитетот е на страната на шпанскиот клуб, иако има неколку играчи кои поради повреда нема да играат во Украина. Тука, пред сè, хендикеп е неиграњето на Пјати, но Еспањол има квалитетни замени, а во форма е Факундо Фереира, кој има играно во Украина, за Шахтар Донецк.
Еспањол е фаворит, но и избраниците на Виктор Скрипник немаат што да загубат и ќе се обидат да приредат подвиг и да се пласираат во Лигата на Европа.
Предлог тип: ГГ&3+ (2,40) Супер тип на Sport life
Ајнтрахт Франкфурт – Стразбур (Квалификации, Лига на Европа, 20.30 часот)
Двајцата врвни стрелци Јовиќ и Халер си заминаа од Ајнтрахт и веднаш се чувствува кризата во нападот кај популарните Орли. Со нив двајца тимот беше вистинска машина за голови, но сега ситуацијата е многу поинаква.
Нивните замени Пасиенсија и Јовелјиќ се одлични играчи, но ќе им треба време да се воиграат. Ребиќ е повреден, а и Гачиновиќ е надвор од редовите, што е проблем за Ајнтрахт. Сепак, имаат доста офанзивни оружја и ќе се обидат да го надиграат цврстиот состав на Стразбур.
Французите доаѓаат со предност од 1:0, вечерва ќе се обидат да постигнат барем еден гол и на „Комерцбанк арената“ за да бидат поблиску до пласман во фазата по групи во Лигата на Европа.
Ајнтрахт знае да одигра офанзивно, без калкулации, и таков пристап очекуваме и вечерва во мечот што одлучува за настап во Лигата на Европа.
Предлог тип: 1&3+ (2.40) Квота на денот на Sport Life
Вулверхемптон – Торино (Квалификации, Лига на Европа, 20.45 часот)
Првиот меч беше одличен и ефикасен со пет гола и заврши со победа на англискиот тим од 3:2. Предност за Волците е што првенството во Англија почна порано од Серија А во Италија, па домаќините се во подобра форма.
Торино игра фудбал нетипичен за италијанските клубови, офанзивно на гол повеќе, а има и основа за таков пристап. Белоти и Заза се напаѓачи од светски калибар и двајцата се репрезентативци и можат да и дадат гол(ови) на секоја екипа.
На спротивната страна и Вулверхемптон сака да игра офанзивно, лани пленеше со убава игра, а ги има извонредните офанзивци Жота и Хименес во нападот. Првиот меч беше суперефикасен, па се очекува и во реваншот да има голови.
Предлог тип: ГГ (1.80)
Кокинакис – Надал (Отворено првенство на САД, 02.30 часот)
Танаси Кокинакис беше прогласен за голем талент, а во Австралија од него очекуваа многу, но честите повреди го забавија развојот на сега веќе 23-годишниот тенисер. Играше три финалиња на три различни гренд слем турнири како јуниор, во него се вложуваше многу и сè уште се очекува многу. Но, иако е талентиран, пречесто отсуствува од тениските турнири. Во 2016 година не играше на ниту еден од четирите гренд слема поради повреда на рамото.
И сезонава доста паузираше, па во Лос Кабос во јули ја забележа првата победа на АТП-турнир по 492 дена пауза. Го победи францускиот тенисер Жанвиер, а претходниот успех му беше против Роџер Федерер, на Отвореното првенство на Мајами во 2018 година.
Сега е подготвен за настап, во првото коло успеа да го елиминира Белорусот Ивашка, а голем предизвик ќе му биде дуелот со Рафаел Надал. Меѓу себе играа еднаш, во 2014 година и Шпанецот лесно го победи Кокинакис со 3:0. Сепак, сега нема да биде толку лесно бидејќи Танаси и покрај проблемите со честите повреди, тој е одличен тенисер, знае да одигра блескаво и може да му пружи голем отпор на Надал, особено на брза подлога, на каква што се игра гренд слемот во Њујорк. Ќе типуваме дека првиот сет ќе трае долго и дека на крајот Надал ќе се пласира во следната рунда.
Предлог тип: 2&10+ SET 1 (2.70) Квота на денот на Sport Life