Молде е нов шампион на Норвешка, ја сопре доминацијата на Розенборг

Молде ја прекина доминацијата на Розенборг и на две кола до крајот на норвешкото првенство е нов шампион на оваа земја.

Клубот со 108-годишна традиција денеска го декласираше Стромсгодсет со 4:0 и направи недостижна разлика во однос на конкурентите.

Избраниците на Ерлинг Мое имаат 62 бода и ќе имаат најмалку 8 чекори предност пред Бодо Глимт ако главниот конкурент го победи Розенборг на мечот што е во тек. Во последните четири сезони Розенборг беше неприкосновен и го освојуваше пехарот за најдобра екипа во Норвешка.

За Молде ова е четврта титула, а сите ги освои во оваа декада. Најтрофеен клуб е Розенборг вкупно со 26 титули, пред Фредрикштад со 9, Викинг со 8, Лилестром и Волеренга со по пет и сега Молде со 4.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести