Молитвата за победа не донесе радост во Келн (Видео)

Околу 4.500 симпатизери со молитва во Катедралата во Келн му посакаа добар почеток на домашен терен на новиот Бундеслигаш, но Борусија Дортмунд беше подобра и победи со 3:1, во меч од второто коло.

Стандардно како и секогаш на истото место се пееше химната на Келн, пред првиот домашен меч во сезоната, а глетката беше импресивна.

И на стадионот „Рајн Енерџи“ во Келн имаше спектакуларна атмосфера, но вицешампионот Борусија Дортмунд беше немилосрден и победи со 3:1.

За Келн поради повреда не настапи македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. На последниот тренинг пред мечот 19-годишниот напаѓач се пожалил на проблем со листот на ногата, па не беше ниту на клупата за резерви.

Келн водеше со 1:0 по првото полувреме, но прими три гола во продолжението и го претрпе вториот пораз на стартот од новиот шампионат во Германија.

- Оглас -

Најнови вести