Молк на „Ел Садар“ – Тешка повреда на Кардона (Фото)

Тешката повреда на Марк Кардона го фрли во сенка фудбалскиот меч меѓу Осасуна и Севилја, кој заврши нерешено, 1:1.

На „Ел Садар“ настана молк во 28. минута кога по ударот со главите на Кардона и на Диего Карлос, играчот на Осасуна падна во бесознание како покосен на тревникот.

Му беше укажана медицинска помош, а Кордона има потрес на мозокот, но за среќа е во стабилна состојба. Претходно во 11. минута Ел Хадади и донесе предност на Севилја, а во финишот на првото полувреме израмни Чими Авилја, за конечни 1:1.

Осасуна има 23 бода на 10. место, а Севилја со 31 бод е веднаш зад водечкиот тандем во Ла Лига, Барселона и Реал Мадрид кои имаат по 34 бодови.

- Оглас -

Најнови вести