3.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Момче кое има 15 години, беше стартер во Арсенал и испиша историја

Арсенал го победи Брајтон со 2-0 во Карабао Лига купот, а меѓу стартерите беше и Макс Дауман, кој со 15 години и 302 дена стана најмладиот фудбалер кој бил во почетните 11 во историјата на лондонските Топчии на официјален меч.

Тој е прв во историјата што заиграл за Арсенал од прва минута пред да наполни 16 години. Дауман претходно како резерва има влезено на меч и во Премиер лигата, таму е втор најмлад во историјата, а сега првпат доби чест да биде и стартер. Уште има шанса да стане најмлад што влегол во игра во Лигата на шампионите, тоа ќе се случи ако заигра на некој од следните три меча на Арсенал во ЛШ.

Вечерва деби во дресот на првиот тим на Арсенал имаше 17-годишниот Андре Хериман-Аноус, кој истотака беше стартер и носеше дрес со бројот 71.

- Оглас -

Најнови вести