Џордан Крукс е 22-годишниот пливач од Кајмански острови кој денеска се запиша во историјата на пливањето. Во квалификациите на трката на 50 метри слободен стил на Светското првенство, Крукс во 25-метарскиот базен исплива со неверојатно време од 20,08 секунди.
🇰🇾 Jordan Crooks swims a 20.08 WR in the Men’s 50m Free heats 😱 What should we expect?🤯 #AQUABudapest2024 pic.twitter.com/rNqokpbtNo
— World Aquatics (@WorldAquatics) December 14, 2024
Со оваа трка, Крукс успеа за осум стотинки да го подобри досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Американецот Калеб Дресел од 2020 година.
Крукс доаѓа од малата карипска земја која има само 88.000 жители, а за својот историски резултат ќе биде награден со 25.000 долари. Новиот светски рекордер ќе има шанса во полуфиналето и едентиалното финале да се обиде да стане првиот пливач кој 50 метри ќе исплива под 20 секунди.
Светскиот рекорд на 50 метри во слободен стил во 50-метарски базен е уште од 2009 година и изнесува 20,91 секунди и е во сопственост на Цезар Сиело.