Момчето на Дилета Леота со само 45 минути поминати меѓу стативите, си обезбеди нов договор со Њукасл

Германскиот голман Лорис Кариус и во следната сезона ќе брани за Њукасл, откако потпиша едногодишен договор со со англискиот премиерлигаш.

Интересно е што Кариус минатата сезона ја помина на позајмица во Њукасл, одигра само 45 минути, но сепак доби нов договор.

https://twitter.com/NUFC/status/1678033858204258306?s=20

Германецот минатата сезона ги полнеше страниците во весници, но не поради неговите спортски успеси, туку поради врската со најатрактивната италијанска новинарка, Дилета Леота.

Од друга страна, навивачите на Ливерпул се уште имаат кошмари поради Кариус. Германецот беше најголем виновник за поразот на Ливерпул од Реал Мадрид до 3:1 во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година.

Нов едногодишен договор доби и дефанзивецот Пол Думет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести