Момчето од БиХ, откри како го измами Донарума и помогна неговата репрезентација да се пласира на СП

Босна и Херцеговина на пенали ја победи Италија и се пласираше на Светското првенство, а еден од клучните моменти на овој меч се случи кога започнаа да се изведуваат пеналите. Голманот на Босна и Херцеговина Џанлуиџи Донарума беше подготвен за сценарио според кое победникот ќе се решава на пенали и имаше подготвено лист на кој беа запишани сите фудбалери на Босна и Херцеговина и како тие најчесто шутираат пенали.

Сепак, тоа што не го предвиде Донарума е дека едно момент на стадионот „Билино Поле“ во Зеница, ќе се појави едно момче кое ќе успее да му го украде листот со потребните податоци за тоа како шутираат фудбалерите на БиХ. Момчето сега јавно зборува за тој момент, кој сигурно имаше големо влијание, затоа што Донарума кога виде дека го нема листот, беше видно изнервиран.

„Многу значи тоа што Донарума остана без тој лист. Кога го земав овој лист, Донарума на сите пенали се фрли на левата страна. Одеше на среќа. Кога дојдов дома му реков на татко ми дека треба листот да го ставиме на аукција, а заработените пари да ги дадеме во добротворни цели“, вели момчето во изјава за „FACE TV“ во Босна и Херцеговина.

Инаку момчето кое неочекувано стана еден од хероите на БиХ кога се работи за дуелот против Италија, е Афан Чизмиќ и е дел од јуниорскиот тим на Челик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FACE TV (@facetv)

 

- Оглас -

Најнови вести