Момчето од Бруклин е како Давид против сите Голијати, со два прецизни удари ги прескокна Нејмар, Мбапе, Азар… (Видео)

Џонатан Дејвид е нов рекордер на Лил според бројот на голови постигнати во 21 век, а успеа да го урне рекордот на Еден Азар, кој е легенда на клубот од северна Франција.

Со два гола вчера против Стразбур во победата од 3:0 на гостински терен 22-годишниот репрезентативец на Канада, роден во Бруклин, САД стана и прв стрелец во француската лига.

Strasbourg 0-[2] Lille – Jonathan David 76′ from soccer

Напаѓачот на Лил има постигнато 9 гола во Лига 1 по 11 одиграни натпревари и е пред Нејмар и Мбапе од ПСЖ и од изненадувањето од Лоријон, Терем Мофи.

https://twitter.com/eurofootcom/status/1581023287727226880?s=20&t=akiIO534lA7PD83djSzVBg

Дејвид  е во топ-форма на радост и на Лил и на Канаѓаните кои ќе играат на Мундијалот во Катар што ќе почне за нешто повеќе од еден месец, односно на 21. ноември.

Нивниот топ-стрелец и најдобар голгетер во Лига 1 постигна 8 гола на последните 8 меча, што е одличен просек од гол по натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести