Дуелот меѓу Ливерпул и Барселона од 2019 година ќе се прераскажува уште многу години откако англискиот гигант успеа на „Енфилд роуд“ да победи со 4:0 и да ја анулира негативата од 3:0 по првиот меч на „Камп ноу“.
Во фантастичен дуел, Ливерпул имаше предност од 3:0 кога во 79-тата минута беше досуден корнер за домаќините. Во тој момент Александар-Арнолд брзо го изведе корнерот, го пронајде Ориги, кој погоди за 4:0 и пласман на Ливерпул во следната фаза.
Еден од најзаслужните за овој погодок е детето Оукли Канониер, кој инстиктивно брзо му ја додаде топката на Арнолд за брзо изведување на корнерот, по кој беше постигнат голот за елиминација на Барселона.
Тоа момче кое преку ноќ стана херој на Ливерпул, уште е дел од младинскиот погон и сега има 18 години. Токму овој тинејџер е еден од талентите на кои Ливерпул смета во иднина. Канониер минатата сезона постигна 41 погодок во сите натпреварувања, а сега блесна и во младинската Лига на шампиони. Тој постигна хет-трик во победата од 4:0 против Ајакс во младинската Лига на шампиони.
Ако продолжи со исти настапи и да има ваква реализација, прашање на време е кога Јирген Клоп ќе го повика овој тинејџер да дебитира и за првиот тим на англискиот гигант.
The kids are alright.
Especially Oakley Cannonier 😉#lfcpic.twitter.com/NL5gSTynNq
— Watch LFC (@Watch_LFC) September 15, 2022