Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, навикнат е да држи говори како тренер, а во таа улога се најде и кога пред себе немаше фудбалери, туку група млади момчиња кои дојдоа кај него со дресови и фотографии и му побараа автограм.
Пеп беше снимен како им вели повеќе да не го прават тоа, дека повеќе нема да им дава автограми, и им порача да се вратат на училиште.
„Не се враќајте веќе, ви ги запомнив лицата. Вратете се на училиште и спремете се. Млади сте, не трошете време. Дали вака сакате да го поминете животот? Навистина сакате да го правите ова цел живот? Кои се вашите соништа? им вели Пеп.
Гвардиола нема проблем да потпишува сувенири, но во Велика Британија има растечки тренд на собирање потписи на познати личности само заради профит. Навивачи чекаат пред тренинг центарот и ги фаќаат ѕвездите, за веднаш потоа да ги стават автограмите на продажба.
Pep Guardiola giving autograph hunters a lecture! 🫡
“You want to spend your life doing this?”
— City Chief (@City_Chief) January 12, 2025