Без победник заврши мечот за титулата во ВБА боксерската верзија меѓу Донте Вајлдер и Тајсон Фјури и тоа најмногу благодарение на неверојатната издржливост на британскиот боксер. Двајцата боксери воопшто не се штедеа и си разменија многу силни удари.
Највпечатлива беше последната, 12 рунда кога Вајлер успеа по втор пат на мечот да го испрати Фјури на подот. Два силни директни удари во главата на Британецот и Фјури беше во нокдаун.
https://twitter.com/TheMMABible/status/1069105452301074432
Вајлдер очекуваше дека со тие удари ја заврши целата работа и дека противникот нема да може да стане и да продолжи. Сепак, Фјури покажа колку е издржлив и успеа да застане на нозе и да продолжи да се бори за помалку од 10 секунди, а на крајот и да стигне до нерешен исход на дуелот.
„Јас сум борец и црпам сила и енергија од Исус. Немаше шанса да останам на подот во овој меч“, откри Фјури од каде му е таа сила да ги издржи сите тие силни удари на противникот.
Вајлдер едноставно не можеше да верува дека Фјури успеа да се врати, а изразот на лицето на американскиот боксер е вистински хит.