Актуелниот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија и наш најдобар и најуспешен ракометар во историјата, Кирил Лазаров, и официјално беше прогласен за член на Куќата на славните на ЕХФ.
На церемонијата во Виена, Лазаров е еден од 60-те поранешни ракометари и ракометарки кои ја добија оваа голема чест.
Освен Лазаров, во ракометната Куќа на славните од неговата позиција десен бек влегоа и Олафур Стефансон и Ласло Наѓ.