Момент за историја: Лос Анџелес лејкерс доби нов газда за неверојатни 10 милијарди долари

Еден од најголемите спортски брендови, кошаркарскиот тим на Лос Анџелес лејкерс, наводно добива нов сопственик. Според најавите од САД, се работи за договор од неверојатни 10 милијарди долари, што би бил најголем во историјата на спортот.

Според инсајдер на ESPN, Шамс Чаранија, Марк Волтер – извршен директор и претседател на диверзифицираната холдинг-компанија TWG Global – е заинтересираниот купувач. Договорот би ја означил најголемата продажба на која било спортска франшиза. Според ESPN, Волтер е акционер во Лејкерси од 2021 година.

Од 1979 година контролата на сопственичкиот пакет во Лејкерс ја имаат Џери Бас и неговото семејство. Интересно е дека Бас го куп Лејкерс само за 64 милиони долари, а сега го продава за неверојатни 10 милијарди долари.

- Оглас -

Најнови вести