9.8 C
Skopje
вторник, 6 јануари 2026

Момент за памтење, преку 80.000 плишани играчки „летнаа“ кон мразот (Видео)

Вкупно 81.796 плишани играчки беа фрлени на хокеј теренот за време на мечот од американската хокеј лига (АХЛ) во Пенсилванија на дуелот меѓу Хершеј беарс и Рокфорд.

Од 2001 година, тимот на Хершеј беарс има традиција на почетокот од новата година да го организира овој момент кога навивачите од сите трибини фрлаат плишани играчки и тоа во моментот кога ќе биде постигнат првиот гол на средбата.

За првиот погодок не се чекаше многу, бидејќи по само три минути игра беше постигнат голот, а тоа беше и знак за почеток на шоуто и сите плишани играчи да бидат фрлени на мразот.

Сите играчки кои беа собрани ќе бидат дадени во повеќе од 60 локални добротворни организаиции.

На крајот, домашниот тим славеше победа од 5:4, во лигата која е подружница на НХЛ, што значи дека ова не беше дуел од најквалитетното хокеј првенство во САД.

- Оглас -

Најнови вести