Моментот поради кој збеснаа играчите на Бока, а потоа направија незапамтен хаос (Видео)

Фудбалерите на аргентинскиот гигант Бока јуниорс не можеа да се помират со елиминацијата во осминафиналето на Копа Либертадорес, и тоа од бразилскиот ривал Атлетико Минеиро. Бока загуби на пенали со 3:1 откако на двата меча, ниту еден од тимовите не успеа да даде гол.

По завршување на мечот, играчите на Бока почнаа да се тепаат со противничките фудбалери, со обезбедувањето, па дури и со полицијата. Како причина за толкав гнев на гостите е една судиска одлука. Се случи во 63-тата минута, кога Бока даде гол, но потоа, по сигнализација на ВАР-системот беше пресметано дека имало минимален офсајд.

Тогаш се случи првиот метеж меѓу играчите на двата тима, а потоа „второто полувреме“ од тепачката беше во тунелот и соблекувалните.

Освен на овој меч, на Бока ѝ беше поништен погодок и на првата средба во Буенос Аирес. На крајот, Атлетико Минеиро двапати имаше „помош“ од ВАР-системот, а потоа на пенали го елиминира големиот ривал, а ќе се памти хаосот што го направија фудбалерите на аргентинскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести