Монако доживеа убедлив пораз (3-1) на гости кај Лориен во шестото коло од Лига 1. Кнезовите останаа со фудбалер помалку во 38-та минута поради исклучувањето на Тило Керер, а потоа не можеа да парираат.
Бамба го доведе Лориен во водство во 40-тата минута,а во финишот од мечот Пабло Пажис постигна уште два гола за убедлив триумф на домаќинот.
Во последните мигови од мечот, Монако постигна почесен гол преку Ансу Фати од пенал.