8.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Монако го избриша Пол Погба од списокот за ЛШ

Францускиот фудбалер од средниот ред, Пол Погба, е тргнат од списокот на Монако за Лигата на шампионите, со што го пропушта плејоф-дуелот против Пари Сен Жермен и евентуалното продолжување на натпреварувањето.

Одлуката на клубот е донесена поради повреда која ќе го држи Погба надвор од теренот на неодредено време, што повторно ја сопира неговата кариера веќе обележана со низа пречки.

Сезоната за светскиот шампион од 2018 година е очигледно за заборав. Ангажиран во август со цел да ја оживее кариерата, Погба одигра само 30 минути на три натпревари. Тој се врати на теренот на 22 ноември против Рен, откако ја отслужи двегодишната суспензија поради допинг, но физичките проблеми го спречија да фати континуитет и натпреварувачки ритам.

Не сакајќи да брза со враќањето на играчот од средниот ред, Монако одлучи да го засили списокот за Лигата на шампионите со фудбалери подготвени веднаш да одговорат на предизвиците.

Во Франција се шпекулира за можен раскин на договорот, иако се очекува раководството конечната одлука да ја донесе дури на крајот од сезоната и да почека искусниот играч да закрепне и да се врати на обврските на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести