Монако и Леонардо Жардим ја прекинаа соработката по четири години, раководството одлучи дека е време за промена откако „кнезовите“ играат катастрофално на почетокот од сезоната. Екипата се наоѓа на 18-тата позиција во францускиот шампионат, Жардим никако не можеше да го врати тимот на победничките патеки, па отказот беше неизбежен.
Португалскиот стратег застана на клупата на Монако во 2014 година, ги преводеше на 232 натпревари во кои „кнезовите“ забележаа 125 победи, 52 ремија и 55 порази, како најголем успех ќе се памети освојувањето на титулата во Франција во сезоната 2016/2017.
Раководството засега е во потрага по нов предводник, а меѓу конкурентите се наметна и Тиери Анри, легендата на Арсенал, кој своевремено играше во дресот на „кнезовите“.