Монако го „шутна“ Ковач и тргнува по најдобриот француски тренер

Раководството на Монако одлучи да му даде отказ на Нико Ковач.

Хрватскиот стратег едноставно не ја доби „војната“ со фудбалерите кои се жалеа на преголемата строгост, односно дисциплината којашто ја бара тој, како и чудните тактити коишто им ги поставувал на средбите.

Поради тоа, раководството одлучи дека тој го загубил мирот во соблекувалната и отказот бил неминовен.

Француските медиуми шпекулираат дека Монако има нова цел, а тоа е доведување на Зинадин Зидан, кој е најдобриот тренер од оваа држава.

Фудбалската икона на Реал Мадрид ја започна фантастично и тренерската кариера, каде што во пет сезони успеа трипати, и тоа едноподруго, да ја освои Лигата на шампионите и во два наврати Реал Мадрид беше и најдобар клуб во Ла Лига.

Монако во моментов е на шестото место со 29 бода, односно четири помалку од местата коишто носат пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести