1632 – Твенте – АЗ Алкмар (18:45)
Дуел на трето и четвртопласираната екипа во првенството на Холандија, на кој нема изразит фаворит, но очекувањата се дека екипите ќе понудат ефикасен фудбал. На последните пет меѓусебни натпревари само еднаш не било „гол-гол“, додека на натпреварите на кои настапил Твенте имало голови во двете мрежи на седум од последните осум дуели.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.24)
1702 – Монако – Ремс (17:00)
Фудбалерите на Монако ја имаат фаворитската улога против Ремс и со евентуална победа ќе се задржат на позициите на табелата кои водат во Лигата на шампионите. На последните пет официјални натпревари, Монако има само еден пораз и тоа од Лион, додека на останатите натпревари има само победи.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.91)
1807 – Дармштат – Борусија Дортмунд (18:30)
Борусија Дортмунд е голем фаворит на гостувањето кај фенерџијата Дармштат и се очекува да забележи лесна победа, зачинета со ефикасен фудбал. Дармштат нема победа на последните девет официјални натпревари, на кои забележа шест порази и само три нерешени резултати.
Предлог тип: 2 & 1+I & 1+II (2.12)
1002 – Њукасл – Манчестер сити (18:30)
Во дербито на Премиер лигата, попладнево играат екипите на Њукасл и Манчестер сити. „Граѓаните“ се во серија од осум натпревари на кои постигнуваат најмалку два погодоци, а тоа се чини дека ќе го сторат и денес против Њукасл, кој на три од последните пет премиерлигашки дуели прими по најмалку два погодоци и тоа од далеку послаби противници од актуелниот освојувач на Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Предлог тип: Т21+I&1+II (2.40)
1305 – Бетис – Гранада (21:00)
Екипата на Бетис нема пораз на домашен терен од Гранада од 2012-тата година, а и денес речиси сигурно нема да загуби. Сепак, очекувањата се дека решението на овој натпревар ќе се случи во второто полувреме, откако првиот дел ќе мине во испитување на силите.
Предлог тип: 1Х & 2>1 (2.19)