Монако и Марсеј приредија празник на очи, дадоа седум гола

Монако и во петтиот обид сезонава не успеа да победи, иако даде три гола. Кнезовите загубија од Олимпик Марсеј со 3-4, па останаа во долниот дел на табелата и исто како и во минатата сезона, почнуваат лошо и се борат за опстанок.

Монако тргна добро, до 26-тата минута водеше со 2-0, двоен стрелец беше разиграниот Бен Једер. Но, Бенедето и Жермен изедначија на 2-2 до крајот на првото полувреме. Потоа Паје и Бенедето ја најавија победата на гостите, а нова неизвесност внесе Кеита Балде во 75-тата минута, кога намали на 3-4. Проблем на Монако е одбраната. Тие примија дури 14 гола во петте средби, и тоа е најлош дефанзивен биланс од 1974 година наваму.

Дарио Бенедето одлично се снаоѓа во француската лига. Аргентинецот е прв играч на Марсеј по Дмитри Паје од 2013 година, кој дал три гола на првите четири старта во дресот на клубот од југот на Франција. И Паје вечерва се запиша во листата на стрелците, постигнувајќи го третиот гол за гостите. Олимпик има 10 бода, два помалку од лидерот ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести