Францускиот прволигаш Монако е на чекор од комплетирање на два трансфера на фудбалери кои во минатото имаа блескави моменти. Некогашниот француски репрезентативец Пол Погба е подготвен да потпише двегодишен договор за повторно да се врати на теренот по речиси двегодишна суспензија откако беше фатен позитивен на допинг тест.
Погба има одлично реноме зад себе, а во повеќе од еднодецениската кариера има играно само за Манчестер јунајтед и за Јувентус. Има и 91 настап за француската репрезентација така да неговото искуство може да биде драгоцено за Монако.
Ансу Фати е несудениот наследник на Лионел Меси во Барселона. Тоа е момчето кое сруши многу рекорди кои беа поставени од Меси, но потоа се повреди и никогаш повторно не се врати во формата во која беше како тинејџер.
Сезонава Фати одигра само 11 натпревари за Барселона, а тренерот ханси Флик најави дека за следната сезона нема да смета на услугите на овој офанзивен играч, па сега многу веројатно е дека следната дестинација ќе му биде Монако.