Монако на продажба, Риболовлев има две понуди на маса

Сопственикот на Монако, Дмитриј Риболовлев, разгледува неколку опции да го продаде клубот. Според информациите на француските медиуми, рускиот тајкун сака да се ослободи од обврската кон францускиот вицепрвак со цел да вложи во клуб од Премиер лигата, но, најпрво мора да го продаде клубот од Монте Карло.

Риболовлев веќе има две понуди на маса, од инвестициски фондови од САД и од Соединетите Арапски Емирати. Сепак, не е обелоденето за колкави суми се работи.

Риболовлев го купи францускиот клуб во 2011 година, откако Монако се пресели во втората француска лига, завршувајќи на местата кои водат во понискиот ранг. Рускиот милионер тогаш го назначи Клаудио Раниери за тренер на екипата, па во 2013 година се вратија во елитата на Франција, почнувајќи ја фудбалската ренесанса. Оттогаш, „кнезовите“ имаа невиден профит од продажба на фудбалери, но имаа и успех освојувајќи ја лигата во сезоната 2016/17, како и пласманот во полуфиналето од Лигата на шампиони во истата сезона.

- Оглас -

Најнови вести