Клубот кој сега се бори за опстанок во француската лига, некогаш силниот Монако, на Твитер објави дека потпишале договор со Андер Ерера, член на Манчестер јунајтед.
Но, набрзо, оваа вест беше повлечена. Иако Ерера најави дека си заминува од Јунајтед, тој уште е член на англискиот клуб, и веројатно затоа оваа вест не може да стане официјална, па беше тргната и покрај договорот кој Шпанецот веројатно го има со клубот од Монте Карло.
„Задоволни сме што можеме да соопштиме дека Андер Ерера од Манчестер јунајтед потпиша со нас како слободен играч. Добредојде во клубот Андер“ – стоеше на Твитерот на Монако.
Сега дилемата е дали е ова шега на Монако кој сака да му го „украде“ Ерера на ПСЖ, или навистина имаат договор, но немаа трпение да објават додека не заврши сезоната.