Монако победи на гости и е прв во Франција, сега на потег е ПСЖ (Видео)

Фудбалерите на Монако продолжуваат со одличните игри оваа сезона и се уште не знаат за пораз на официјален меч во сите натпреварувања. Екипата од кнежеството победи на тешкото гостување кај Рен со 1-2, што за нив е 12-ти натпревар во серија без пораз.

Монако со оваа победа дојде до 19 бода и се искачи на првата позиција на табелата во француската Лига 1, па сега на потег е ПСЖ да победи утре на гостувањето кај Ница за да се израмни на врвот на табелата со новиот лидер.

Сите три гола паднаа во првото полувреме. Монако поведе преку Керер во шесттата минута, Блас израмни само пет минути подоцна, а конечните 1-2 ги постави Балогун во 22-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести