Монако прокоцка предност за историски успех – Олимпијакос ќе игра со Ефес на Ф4 во Белград (Видео)

Олимпијакос е последниот учесник на фајналфор турнирот во Белград во Евролигата и ќе игра со актуелниот европски првак Анадолу Ефес во полуфиналето.

Грчкиот гигант победи против Монако со 94:88 во драматичен петти меч во плејофот и си обезбеди настап на завршниот турнир за титулата.

Навивачите на Олимпијакос во самиот финиш влетаа на терен и го прекинаа мечот, но потоа се доиграа 9 секунди за големо славење во Атина.

Монако прокоцка предност од 11 поени разлика, што ја имаше во неколку секвенци од мајсторката и загуби, со што пропушти историска можност за првпат да игра на фајналфор турнир за европската круна.

Грчкиот гигант ќе игра против Ефес во полуфиналето во Белград, а во вечното дерби, или популарното Ел Класико за финале ќе играат меѓу себе Реал Мадрид и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести