Мончи го носи Ди Франческо во Севилја?

Екстренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, се наметна како кандидат да ја преземе клупата на Севилја од следната сезона. Тоа е желбата на старо-новиот спортски директор на андалузискиот тим, Мончи, кој се врати во Севилја откако ја напушти функцијата во Рома.

Мончи и Ди Франческо соработуваа во таборот на „римската волчица“ во изминативе две години, а сега е можно повторно да се најдат на иста страна. Ова се најавите на шпанските медиуми, a со оглед на тоа дека Хоакин Капарос е само привремено решение на клупата, Ди Франческо со помош на неговиот пријател за многу брзо време може да го смени статусот во вработен.

Севилја утре го пречекува Алавес во мечот од рамките на 30-тото коло во Ла Лига, каде што ќе се води битка за четвртата позиција, а Севилја цели на местото кое води во Лигата на шампионите. По 29 натпревари, Андалузијците се наоѓаат на седмата позиција со 43 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести