Светскиот рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, е прогласен за спортист на годината на гала церемонијата „Лауреус“ која се одржува вечерва во Мадрид.
Лани наградата му припадна на Новак Ѓоковиќ кој е рекордер со пет вакви признанија, а годинава кандидати за наградата покрај атлетичарот Дуплантис беа уште тенисерот Карлос Алкараз, пливачот Леон Маршан, велосипедистот Тадеј Погачар и Формула 1 пилотот Макс Ферстапен.
Тим на годината е фудбалскиот клуб Реал Мадрид, спортист со најголем напредок и најпријатно изненадување е фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, а се доделија и други признанија.