Монпелје во драматичен меч од француското првенство загуби од Марсеј со 1:2 на домашен терен, а продолжи традицијата со црвени картони на нивните натпревари.
Денеска во финишот на возбудливиот меч од 17. коло во Лига 1 беше искјлучен Нуњо Тавареш од Марсеј, што е нов црвен картон на натпревар на кој играл Монпелје.
Тимот како да е магнет за исклучувања и на последните 15 натпревари што Монпелје ги играл сезонава беа исклучени дури 12 фудбалери, без разлика дали од нивните редови, или од таборот на ривалот.
12 players have been sent off in the last 15 Montpellier games in Ligue 1 from soccer
Тоа е рекорд во Франција, а интересно е што Монпелје има пет исклучени играчи во тој период од 15 меча, два помалку од ривалите.