Феноменална беше изминатата ноќ во НБА лигата, а натпреварот на вечерта беше дуелот меѓу Денвер нагетс и Феникс санс, кој заврши со продолженија.
Регуларниот дел заврши со резултат 125-125, а по продолжението Денвер славеше со 149-141.
Натпреварот го обележа неверојатниот Никола Јокиќ, кој повторно беше лидер на Нагетс и тоа на спектакуларен начин.
Јокиќ го заврши дуелот со трипл-дабл кој ќе се памети – постигна 31 поен, имаше 21 скок и неверојатни 22 асистенции.
Јокиќ така стана првиот играч во историјата на НБА кој на еден натпревар забележал 30+ поени, 20+ асистенции и 20+ скокови.
Кај Феникс се истакнаа Девин Букер со 34 поени и Кевин Дурент со 29 поени.
Кливленд кавалирс победи на гостувањето кај Шарлот со 117-118. Мајлс Бриџис уфрли дури 46 поени во составот на Шарлот, а и Јусуф Нуркиќ одигра одличен натпревар за домаќинот. Тој забележа дабл-дабл во поразот на Шарлот, за 28 минути на паркетот, Нуркиќ постигна 12 поени, собра 15 скокови и подели пет асистенции.
Кај Кливленд најефикасен беше Донован Мичел со 24 поени, а го следеа и Дариус Гарланд (20) и Еван Мобли (19).
Резултати НБА: Денвер нагетс – Феникс санс 149-141 (прод.), Шарлот хорнетс – Кливленд кавалирс 117-118, Далас маверикс – Мемфис гризлис 111-122, Торонто репторс – Јута џез 118-109, Мајами хит – Минесота тимбервулвс 104-106, Оклахома Сити Тандер – Портланд треилблејзерс 107-89, Сакраменто кингс – Сан Антонио спарс 127-109.