Монструозно од Тајсон – Тигарот ѝ одгризал рака на жена, боксерот ѝ платил пари за да молчи

Мајк Тајсон конечно ја кажа вистинската верзија зошто се откажал од чување на опасните тигри, кои во еден период од животот му беа опсесија и домашни миленици.

Боксерот присуствувал на шокантен инцидент, при кој еден од тигрите ѝ одгризал рака на непозната жена која се нашла случајно во дворот со опасните миленици на Железниот Мајк.

„Жената ја прескокна оградата и се најде токму на местото каде што ги чував тигрите. Се обиде да си поигра со нив, но тигрицата не ја познаваше и дојде до несреќа. Видов што ѝ направи, но и јас бев шокиран. Не верував дека кое било животно може да реагира така и да го стори тоа со човечко месо. Тогаш имав многу пари и ѝ платив на жената 250 илјади долари за да не ме тужи“, вели Тајсон.

Признанието стигна во живо во разговорот со раперот Фет Џо на „Инстаграм“, а може да има и последици по Тајсон, кој најави камбек на боксерската сцена, но само во хуманитарен меч, веројатно против Ивандер Холифилд.

 

- Оглас -

Најнови вести