Монтела нема да го преживее дебаклот од Рома

По вчерашниот дебакл од Рома, раководството на Фиорентина размилува да го разреши Винчензо Монтела од тренерска позиција. На Аеропланино му гори под нозе откако неговата екипа го претрпе осмиот пораз во Серија А сезонава, а воедно Виолетовите се најдоа во ситуација да стравуваат за прволигашкиот статус.

Клубот од Фиренца речиси два месеци е без триумф во шампионатот, односно во седум меча претрпе пет порази и само две ремија, катастрофален учинок кој ја спушти Фиорентина до 14-тата позиција на табелата со само 4 бода предност од екипите кои се во зоната за испаѓање.

Човекот кој минатата сезона ја спаси Фиорентина од испаѓање и тоа во последното коло, сега се наоѓа пред отказ поради што не може да го извади тимот од оваа криза, а како прв кандидат за негов заменик е Лучијано Спалети. За судбината на Монтела ќе се одлучува денес на состанокот на управата, а потоа ќе се донесе одлука за адекватна замена.

- Оглас -

Најнови вести