Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Италијанецот Винченцо Монтела, верува дека вечерва неговиот тим во Берлин ќе биде екстра мотивиран против Холандија во четвртфиналето на ЕП 2024, поради суспензијата на Мерих Демирал кој доби забрана на настап од два меча поради гестот со прстите кој го користат Сивите волци, екстремно десничарска турска група.
Демирал ќе го нема, а добра вест е што се враќа капитенот Хакан Чалханоглу.
„Сметаме дека оваа суспензија е неправедна затоа што не беше политички гест. Тоа беше толкувано како такво, но не беше правилно разбрано. Тоа нема да ја повреди гордоста на Турција, напротив, ќе бидеме пострасни и погорди. Сакаме да ја направиме земјата горда и сигурен сум дека сите ќе бидеме високо мотивирани, а истото важи и за навивачите. Нашите поддржувачи беа неверојатни досега, полни со страст. Тие ни ја дадоа сета своја страст и љубов“, изјави 50-годишниот Монтела.