Монтела со пофалби за својот репрезентативец: “Чалханоглу е најдобар во светот“

Винченцо Монтела ја препороди репрезентацијата на Турција, која како првопласирана во својата група обезбеди пласман на Европското првенство во Германија. Турците успеаја да завршат и пред Хрватска, која го освои бронзениот медал на последното Светско првенство во Катар.

Италијанецот во изјава за медиумите имаше само пофални зборови за својот фудбалер, Хакан Чалханоглу, кој е член на милански Интер, со што го навлече гневот на навивачите на Милан, екипата чиј тренер беше во минатото.

– “Чалханоглу е најдобриот фудбалер од средниот ред во светот, а за во Италија воопшто и да не зборувам. Што се однесува до групата, подобро е веднаш да играме против силни противници, па потоа што сака нека биде. Одиме да направиме што е можно подобар резултат.“ – рече Монтела во изјава за италијанските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести