Монтела спасил глава: Хотелот во Адана во којшто живеел, е уништен од земјотресот!

Некогашниот италијански репрезентативец, а актуелен тренер на Адана Демирспор, Винченцо Монтела, имал многу среќа што се нашол во Истанбул бидејќи хотелот во којшто престојува и живее откако работи во турскиот клуб, се запалил при силниот земјотрес кој го здрма регионот на Газијантеп.

Тимот од Адана во Истанбул денеска требаше да игра меч со Умранијеспор, а патувањето еден ден пред мечот ги спасило од можна трагедија. Адана е на 200 километри од епицентарот, но и таму има мртви.

„Земјотресот во Адана бил силен. Ни кажаа дека во Адана имало паднати згради, а хотелот во којшто живеам се запалил и луѓето биле евакуирани. Има и серија нови земјотреси афтершокови, во моментов сме оставени на милост и немилост на природата”, вели Монтела.

 

- Оглас -

Најнови вести