Монтела: Тимскиот дух нѐ водеше до победата

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, беше многу задоволен од победата на својот тим со 2-1 над Австрија во осминафиналето на ЕВРО 2024. Турците ќе се соочат со Холандија во борба за место во полуфиналето.

„Многу, многу важна победа. Тимскиот дух нѐ водеше од првата до последната минута. За првпат го покажавме уште при гостувањето на Хрватска во квалификациите“, изјави Винченцо Монтела.

Турскиот селектор призна дека во финишот на мечот неговата селекција падна на физички план.

„Вистината е дека заморот нè притисна. Многу сум среќен за играчите. Во претходните натпревари имавме некои проблеми, но сега сè беше совршено. Ова е историски резултат. Го повторивме достигнувањето од ЕВРО 2008, кога Турција исто така забележа три победи. Среќен сум за сите нас“, истакна италијанскиот стратег.

 

- Оглас -

Најнови вести