Монтереј ноќеска по четврти пат во својата историја ја освои титулата во Лигата на шампионите на Централна и Северна Америка откако во финалниот двомеч се избори за конечен резултат против Тигрес со 2-1. Ноќеска средбата заврши со резултат од 1-1, а Монтереј дојде до посакуваниот трофеј по шест години пауза, откако во првиот дуел славеше со минимални 1-0.
https://twitter.com/Abracadabra_Mex/status/1123826929516281859
Домаќините ноќеска поведоа со погодокот на Николас Санчес во 25-тата минута, фудбалерот кој ја донесе победата во првата финална средба, а Тигрес со феноменалниот гол на Андре-Пјер Жињак израмни на 1-1. Французинот со „ножички“ мајсторски ја затресе мрежата на противничкиот голман, но сепак тоа не беше доволно.
Погодокот на Жињак во 85-тата минута навистина е феноменален, но слушнете ја реакцијата на коментаторот: