Само по една победа и шест порази во последните седум натпревари, Монца одлучи да му даде отказ на тренерот Салваторе Бокети. Клучен фактор за оваа одлука беше убедливиот пораз од Лацио со 5-1, кој го остави тимот на дното на табелата во Серија А само со 13 бода по 24 одиграни кола.
Неговата замена ќе биде Алесандро Неста, кој летоска пристигна во Монца, но доби отказ во декември. Раководството на клубот сфати дека направило грешка и реши да го врати на функцијата.
„Монца објавува дека го поништува отказот на Алесандро Неста, кој повторно ја презема улогата на тренер на првиот тим. Среќно, Алесандро“, стои во официјалното соопштение на клубот, кој е во сопственост на семејството на покојниот Силвио Берлускони.
Неста првиот пат го водеше тимот на 20 натпревари, но во Серија А имаше само една победа и седум ремија во 17 кола. Отпуштен беше на 23 декември, но сега, само 49 дена подоцна, се враќа на кормилото.
Легендарниот поранешен стопер на Лацио и Милан, кој долги години му беше партнер на Фабио Канаваро во одбраната на италијанската репрезентација, предводеше неколку клуба пред да пристигне во Монца, меѓу кои Мајами, Перуџа, Фрозиноне и Реџиjана.